Беспрекорен квалитет, секогаш

Во широката палета производи секогаш ја имаме вистинската машина за сите ваши работи

  • Партнер на кој му се верува

    Со седиште во Брисел, Volvo Construction Equipment има производствени погони ширум светот: во Шведска, Франција, Германија, Полска, САД, Мексико, Бразил, Индија, Кина и Кореја. Нашите многубројни фабрики произведуваат широка палета производи меѓу кои натоварувачи, багери, валјаци за земја и асфалт, финишери, компактна опрема и опрема за ракување со материјалите.

    Нашите производи и услуги се нудат во повеќе од 125 земји.

  • Фундаментални вредности

    Квалитетот, безбедноста и грижата за околината ги претставуваат основните вредности на нашата организација, нашите производи и нашиот начин на размислување. Од самото основање, Volvo CE израсна од локална индустрија во еден од најголемите светски производители на градежна опрема.

    Volvo машините се користат во каменоломите и сепарациите, енергетските индустрии (нафта и гас), тешката инфраструктура, комуналните услуги, нискоградбата, високоградбата, рушењето, рециклирањето, ракувањето со индустриски материјали, шумарството и друго.

  • Целосни решенија

    Volvo го има вистинското решение за вас. Зошто не ни дозволите да ги исполниме вашите потреби во текот на целиот работен век на вашата машина? Со тоа што внимателно ги слушаме вашите барања, можеме да ги намалиме вашите вкупни трошоци и зголемиме вашите приходи.

    Да се биде купувач на Volvo значи да се има комплетен пакет услуги на дофат на рацете. Volvo може да ви понуди долгорочна соработка, да ги заштити вашите приходи и да ви понуди комплетен дијапазон решенија со користење висококвалитетни делови.

  • Поставуваме нови стандарди

    Иновацијата лежи во самото срце на Volvo Construction Equipment. Тоа е начин на размислување и работа на нашата компанија. Со повеќе од 180 години искуство во градежништвото и иновациите, Volvo CE се наоѓа на чело на технолошкиот развој. За нас да се има најновата технологија не е само убаво туку и пресудно за да би можеле да ви обезбедиме долгорочен и профитабилен раст.

  • Направете повеќе со помалку

    Машините на Volvo глобално се познати по ефикасноста на потрошувачката на гориво. Од првиот дизел мотор со ниска емисија за градежните машини до иновациите како што е OptiShift технологијата, наши инженери посветено им помагаат на клиентите да завршат повеќе работа со помалку гориво. Цел ни е да но намалиме расипувањето на енергијата. Затоа и инвестираме во напреден инженеринг кој го задвижува развојот на иновациите.

  • Иновативна технологија на моторите

    Новите системи на моторите се фаќаат во костец со проблемите на емисијата и потрошувачката на гориво на единствен начин. Сите Volvo CE дизел мотори се ускладени со Tier 4 Final/Stage IV стандардите и ги исполнуваат прописите во ЕУ и САД за емисијата. Исто така ја подобруваат ефикасноста на потрошувачката на гориво за до 5% во однос на претходните модели.

  • OptiShift

    Инженерите на Volvo CE уште еднаш ја унапредија технологија. Повторно ги подигнаа стандардите и го трасираа патот на техничкиот напредок со решенија кои ја прават вашата работа поисплатлива, истовремено намалувајќи ја емисијата и влијанието на околината. Единствената Volvo OptiShift технологија ја намалува потрошувачката на гориво за 15% и подобрува перформансите на машината.

Комплетна понуда на производи

овластен застапник за Македонија

303-876-4234

контакт

адреса

ул. Јуриј Гагарин 58-6
1000 Скопје

телефон

02/615-52-50
078/266-648

сервис и резервни делови

078/383-484
078/322-883

e-mail


info@mgk.mk